Два гола на неуморниот Меси, Интер Мајами до важна победа (ВИДЕО)

44
ФОТО: FC Inter Miami/X

Интер Мајами го доби својот домашен натпревар против Ди Си Јунајтед со 3-2 во натпревар од регуларната сезона во МЛС. На тој начин,т имот на Бекам направи важен чекор кон директно пласирање во плејофот и сега се на 5-то место во Источната конференција. Покрај тоа, тие се 8 бода зад првото место, а имаат три натпревари помалку од лидерот Филаделфија Јунион.

Хавиер Маскерано го започна натпреварот со сите ѕвезди што можеше да ги искористи во лицето на Лионел Меси, Жорди Алба, Серхио Бускетс, како и Родриго де Пол, кој се приклучи за време на летниот преоден рок. Од другата страна на теренот се појави легендата на англиската Премиер лига од неодамнешното минато, Кристијан Бентеке.

Инаку, Луис Суарез, кој сè уште отслужува суспензија, повторно не можеше да учествува за Интер Мајами.

Меси се запиша двапати во листата на стрелци, откако Аленде го отвори мечот, тој ја зголеми предноста, двата гола ги постигна во второто полувреме.

ПретходноТудор: Судењето? Штета! Две вакви одлуки при ВАР…
СледноЛетечки почеток на Мурињо во Бенфика!