И на денешната програма од третото коло во Супер-лигата имаме дерби натпревар. Алкалоид го пречекува Пелистер во Автокоманда, дуелот е закажан со почеток во 18 часот.
Актуелниот македонски првак, како и претходните пресметки и фаворит на оваа средба. Но, Пелистер неколку пати научи дека мора да биде внимателен со младиот и македонски состав на Кирил Лазаров, бидејќи во спротивно ќе биде казнет.
Битолчани на оваа средба влегуваат по поразот од ПСЖ во Лигата на шампиони. Во домашното првенство имаат две победи.
На другата страна Алкалоид зад себе го триумфот над ГРК Тиквеш и ремито со ГРК Охрид, токму против езерскиот состав, кој исто така оваа сезона се очекува да влезе во трката за првото место, покажа дека може да се носи со далеку посилни тимови, кои во составот имаат странски ракометари.
Победите не се непознати за младиот состав на Алкалоид против Пелистер, лани токму на домашен терен славеше против битолчани.