Дориев не застанува, и Ќамили во листата на стрелците

165

Љупче Дориев го игра фудбалот на кариерата. Во моментов членот на тимот на Согдиана во Узбекистан е стрелец број еден на тамошниот шампионат со 13 голови и пет асистенции досега.

Денеска струмичанецот погоди во ремито 2:2 на гостински терен против тимот на Андижан. Дориев погоди во 88. минута за 1:2, но неговиот тим не издржа и прими гол до крајот на мечот.

Од друга страна пак, и Лирим Ќамили, македонскиот репрезентативец денеска е стрелец за својот тим Сондеријске. Тој пак погоди за водство од 0:2, но неговиот состав до крајот прими два гола и дуелот со Вејле заврши нерешено.

 

ПретходноПолувреме ПМФЛ: Тиквеш промашуваше, Шкендија погоди
СледноБорнмут и Њукасл одиграа без голови