Одложено е мега – дербито меѓу Марсеј и ПСЖ!

183
ФОТО: FC PSG/FB

Раководството на Лига 1 и официјално потврди дека вечерва нема да се игра мега – дербито во Франција, меѓу Марсеј и ПСЖ. Да потсетиме дека овој меч од 5.коло требаше да се одигра вечерва со почеток од 20:45 часот.

Сепак најавата за големо невреме во Марсеј и околината, беше причината ова најголемо дерби во фудбалска Франција да биде одложено за утре со почеток од 20 часот.

Ова значи дека фудбалерите на двете екипи нема да можат да присуствуваат на утрешната гала вечер на доделувањето на „Златната топка“, тоа ќе може да го стори само Усман Дембеле.

ПретходноРајо и Селта ги поделија бодовите
СледноПолувреме ПМФЛ: Тиквеш промашуваше, Шкендија погоди