Фудбалерите на Ливерпул вчера славеа против Евертон во градското дерби, но сè тоа брзо падна во заборав поради зборовите на претседателот на клубот, Том Вернер. Тој откри колку биле блиску тој и неговите соработници да го сопрат трансферот на Александер Исак од Њукасл на „Енфилд“.
Секако тоа привлече огромно внимание, а наводно во чудо бил и Уго Екитике.
„Црвените“ имаа навистина добар преоден рок, а Слот практично ги доби сите играчи што ги посакуваше. Ливерпул потроши повеќе од 400 милиони евра.
Долго се чекаше дали Александер Исак ќе го напушти Њукасл и ќе го засили Ливерпул, а тоа се случи последниот ден од преодниот рок со трансфер вреден 150 милиони евра.
Претходно летово, „црвените“ пратија понуда од 130 милиони евра плус бонуси, но раководството на Њукасл реши да ја одбие.
Потоа Ливерпул го донесе Екитике од Ајнтрахт Франкфурт за околу 85 милиони евра, а Вернер откри дека би биле задоволни и доколку Исак на крајот не дојдеше.
„Со оглед на ситуацијата со Њукасл, тие мораа да најдат замена за него. Сметавме дека имаме феноменална понуда за нив, но тој имаше договор со нив што важеше уште три години. Нашето чувство беше такво што го доведовме Екитике да биде напаѓач и мислевме дека ако игра добро – тоа ќе биде одлично, но ако не игра добро – дека ќе има и други опции. Не знаев ништо повеќе од медиумите, дури мислев и дека ќе донесеме дефанзивец последниот ден од преодниот рок. Мислам дека Исак ќе биде сјаен, но тогаш сметавме дека тој не е единствениот напаѓач што постои во светот“, беше јасен Вернер.
Њукасл ги донесе Ник Волтемаде и Јоан Виса, сето тоа од продажбата на Исак кој на крајот замина во Ливерпул, но Екитике и понатаму игра навистина одлично.