Во првиот дуел од денешната Примера програма, екипите на Рајо Ваљекано и Селта Виго одиграа 1:1.
По мирните прво 45. минути, гостите во 49. минута преку Иглесиас дојдоа до водство од 0:1.
Домашните потоа решија да тргнат по израмнување, и стигнаа до него во 65. минута преку Де Фрутос.
До крајот на мечот резултатот не се промени иако имаше по некоја ситуација за тоа. И двата тима се речиси со идентичен статус во моментов затоа што имаат по пет бодови и се 14. односно 15. позиција на табелата.