Цаке за дуелот со Тиквеш: Лесни противници не постојат, секој бод е важен

60
Фото: ФФМ

Шампионот во Прва МФЛ, екипата на Шкендија, во 7. коло на свој терен го дочекува тимот на Тиквеш (15:30 часот). Од таборот на тетовскиот клуб истакнуваат дека на секој натпревар одат на триумф, но нагласуваат дека во ова првенство нема лесни противници.

„Ова е многу важен натпревар за нас. Ни следува период со згуснат распоред, затоа што ќе играме на секои три дена и во првенството, и во Европа. Но, сме мотивирани и фокусирани 100% да ги освоиме трите бода. Направивме добра анализа на Тиквеш, колку што имавме време. Шкендија е секогаш подготвена за победа и уверен сум дека бодовите остануваат во Тетово. Лесни противници не постојат, секој бод е важен, особено на почетокот од првенството, бидејќи на крајот ќе биде многу потешко,“ изјави Клисман Цаке, дефанзивецот на Шкендија.

На другата страна Тиквеш пред оваа средба се наоѓа на 9-та позиција во ПМФЛ со скор од една победа, две нерешени и три порази. Кавадарчани имаат пет бода, првата победа ја забележаа против Шкупи во минатото коло.
ПретходноМурињо: Не дојдов во Бенфика за да го нервирам Порто
СледноДерби во Автокоманда: Алкалоид го пречекува Пелистер