Адејеми донесе три бода за Дортмунд!

13
ФОТО: Borusia Dortmund/FB

Вечерва на „Сигнал Идуна Парк“, екипата на Борусија успеа да го победи Волфсбург со резултат од 1:0. Гостите не можеа да се приближат до голот на домашниот тим, Дортмунд играше одлично во одбраната, во средниот ред каде што добиваше дуели, но не стигнаа толку лесно до голот на Волфсбург.
Сепак во 20-та минута се случи клучниот момент, Адејеми ја зеде топката, шутираше и постигна фантастичен гол од околу 25 метри за 1:0! Гостите ја имаа најдобрата шанса во 59-та минута кога Кулиеракис скокна, топката се одби од пречката.
Борусија беше подобар ривал до крајот, имаа неколку добри акции, Гираси ја пропушти шансата во 87-та минута да го реши прашањето за победникот, се покажа дека тоа не беше ни потребно, 1:0 беше доволно за да се прокнижат нови три бода за тимот на Нико Ковач.

ПретходноБабунски VS Бабунски, во “битката“ меѓу таткото и синот се радуваше Давид!
СледноИнтер се измачи за трите бода против Сасуоло!