Ете затоа Премиерлигата е суперинтересна, најквалитетна лига во светот. Се играше 90+3.минута на „Емирејтс“ а Манчестер Сити водеше со 0:1, и тогаш брилјантен потег на Мартинели за 1:1, за израмнување на резултатот, за еуфорија на трибините кај фановите на Арсенал.
Секако дека ова е супер резултат за четата на Микел Артета, ако се знае дека ќе беше премногу од почетокот на сезоната да биде поразена и во второто дерби, по она со Ливерпул.
Манчестер Сити водеше со 0:1 со раниот гол на Ерлинг Халанд уште во 9.минута по додавањето на Реиндер, кога Норвежанецот на “брз воз“ се најде во зицер позиција и секако дека ја искористи. Инаку по тоа водство на Сити, и двете екипи имаа свои шанси, рековме веќе, Халанд имаше зицер а беше и себичен, имаше и Доку супер шанса, а опасно во неколку наврати се заканија и “топчиите“.
Сепак на крајот ова спектакуларно дерби заврши без победник, секако на задоволство на “Редси“ од Ливерпул кој сега има +5 бода пред Арсенал.