Аталанта супериорно против Торино

17
FOTO ATALANTA FACEBOOK

Тимот на Аталанта, на особено убав начин стигна до нова победа сезонава во Серија А, откако попладнево со 0:3 славеше на гостувањето на тимот на Торино. Со голови постигнати во првото полувреме, два на Крстовиќ и еден на Сулемана, гостите уште по 45. минути ја одработија задачата на овој меч, а продолжението на истиот беше само рутина.

Од друга страна пак, на вториот меч од попладневната програма во Серија А, немаше голови. Екипите на Кремонезе и Парма одиграа 0:0 во еден особено здодевен и неинтересен меч.

 

ПретходноБорнмут и Њукасл одиграа без голови
СледноСпахиу за минимален триумф на Шкендија против Тиквеш (ВИДЕО)