Бабунски VS Бабунски, во “битката“ меѓу таткото и синот се радуваше Давид!

296

Вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во градското или “Соседско дерби“ бр.80 славеше Вардар со 3:1 во дуелот против Работнички.

Давид Бабунски беше еден од најдобрите во составот на победникот, беше стрелец и на гол пенал, инаку негов прв во дресот на Вардар.

Потоа се случи еден интересен момент откако стратегот на Работнички, Алпарслан Ерден беше исклучен, а на негово место покрај аут-линијата застана неговиот асистент Бобан Бабунски, па така во тој момент тоа почна “битката“ меѓу таткото (Бобан) и синот (Давид).

Јасно беше дека на крајот се радуваше синот.

ПретходноТФТ го победи МЗТ Скопје и го освои меморијалот „Андреј Грковски Тафта“
СледноАдејеми донесе три бода за Дортмунд!