Барса без проблеми до нов триумф, повреда на Фермин!

40
ФОТО: FC Barselona/FB

Иако без Ламине Јамал, сепак Барселона немаше никакви проблеми вечерва како домаќин против Гетафе. Победа од 3:0, четврта во петтиот меч во новата сезона во Ла Лига, па така сега е на -2 бода во однос на лидерот Реал Мадрид кој е единствен кој има максимални “пет од пет“.

Блескаше Феран Торес со два гола, првиот во 15.минута а вториот во 34.минута за 2:0.

Со ова водство се замина на пауза.

Во продолжение од средбата Гетафе колку и да сакаше да стори нешто повеќе, сепак не можеше. Барселона ја имаше целосната контрола на настаните на теренот, за да Олмо во 62.минута на додавање на Рашфорд стави точка на овој меч.

Сепак немаше преголема радост кај каталонскиот гигант ако се знае дека Фермин Лопез се повреди во самиот финиш на средбата.

ПретходноИнтер се измачи за трите бода против Сасуоло!
СледноЧкембари вечерва ја “ЗАПАЛИЈА“ Битола!