Василев: Го респектираме Вардар, но веруваме во добар резултат!

45
Фото: ФК Работнички

Работнички во шестото коло стигна до првата победа оваа сезона, можеби токму навреме за да земе залет пред градското дерби со Вардар. Тимот на Алпарслан Ердем славеше со 3-0 против Пелистер, а голманот Васко Василев ја сочува својата мрежа.

Младинскиот репрезентативец се надева дека истото ќе го стори и на вечерашната пресметка со Вардар.

„Дуелите меѓу Работнички и Вардар секогаш носеле дополнителна возбуда. Атмосферата во нашиот тим е на високо ниво по триумфот над Пелистер и сега сите мисли се насочени кон дуелот со Вардар. Го респектираме максимално Вардар, тоа е најтрофејниот македонски клуб, но веруваме дека можеме да одиграме добар натпревар и да оствариме позитивен резултат. Мечот се игра во вечерен термин, тоа е убава покана и за гледачите да дојдат во голем број, а ние ќе се потрудиме да гледаат добар фудбал“, вели голманот на Работнички, Васко Василев.

ПретходноТодоровски: Вардар се прашува во оваа лига
СледноРК Вардар носи француско крило