Утре е денот “Д“ за тоа кој ќе ја добие „Златната топка“ за 2025 година. Имено утревечер во гала – манифестацијата на “Франс Фудбал“ ќе биде прогласен најдобриот фудбалер во светот во овој момент кој ќе ја добие престижната награда или трофеј “Златна топка“. Јасно е дека ова е најголемата индивидуална награда во светот на фудбалот.
Главни фаворити за оваа награда се Умсна Дембеле (ПСЖ) и Ламине Јамал (Барселона).
Мала предност има Дембеле, но дали фактот дека младиот Шшанец во Париз отпатувал со 20 члена на своето семејство кажува нешто. Дали тој е победникот, односно добитникот на “Златната топка“.
Од страна на организаторот се вели дека никој не знае кој е добитникот освен Винсен Гарсија, главниот уредник на “Франс Фудбал“.