Дерби во Автокоманда: Алкалоид го пречекува Пелистер

91

И на денешната програма од третото коло во Супер-лигата имаме дерби натпревар. Алкалоид го пречекува Пелистер во Автокоманда, дуелот е закажан со почеток во 18 часот.

Актуелниот македонски првак, како и претходните пресметки и фаворит на оваа средба. Но, Пелистер неколку пати научи дека мора да биде внимателен со младиот и македонски состав на Кирил Лазаров, бидејќи во спротивно ќе биде казнет.

Битолчани на оваа средба влегуваат по поразот од ПСЖ во Лигата на шампиони. Во домашното првенство имаат две победи.

На другата страна Алкалоид зад себе го триумфот над ГРК Тиквеш и ремито со ГРК Охрид, токму против езерскиот состав, кој исто така оваа сезона се очекува да влезе во трката за првото место, покажа дека може да се носи со далеку посилни тимови, кои во составот имаат странски ракометари.

Победите не се непознати за младиот состав на Алкалоид против Пелистер, лани токму на домашен терен славеше против битолчани.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – КОЛО 3
21.09.2025 НЕДЕЛА
18:00 часот РК АЛКАЛОИД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
19:00 часот МРК КУМАНОВО – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
22.09.2025 ПОНЕДЕЛНИК
18:30 часот РК СТРУГА – ГРК ТИКВЕШ 2014
ПретходноЦаке за дуелот со Тиквеш: Лесни противници не постојат, секој бод е важен
Следно„Бомба“ во АБА лигата, Драгиќ се враќа: Поранешниот европски шампион носи екс играч на Партизан