Интер се измачи за трите бода против Сасуоло!

15
ФОТО: FC Inter/FB

Втора победа за Интер под водство на Кристијан Киву во четвртиот меч во новата сезона во Серија А вечерва на “Меаца“ во Милано. Победа од 2:1 до која актуелниот европски вицешамион дојде и тоа како со тешка мака, просто се измачи големиот фаворит.

Не дека Интер играше толку слабо, туку бројните шанси никако не успеваше да ги реализира и со тоа во финишот да влезе многу помирен.

Сепак победа си е победа, трите бода се најважни.

Димарко во 14.минута донесе водство од 1:0 и се чинеше дека следува гоеада, следува убедлива победа. Сепак далеку од тоа.

Се чекаше до 82.минута со голот на Карлос Аугусто за 2:0, но Сасуоло три минути подоцна со погодокот на Кедира намали на 2:1.

Следуваше драма, но сепак на крајот Интер успеа да „извлече“ победа и три бода.

ПретходноАдејеми донесе три бода за Дортмунд!
СледноБарса без проблеми до нов триумф, повреда на Фермин!