Жозе Мурињо го коментираше своето успешно деби на чело на Бенфика, во кое „орлите“ победија со класични 3:0 против АБЦ во натпреварот од Португалската лига.
„Ако ме прашате дали Порто е еден од најголемите клубови во светот, ќе кажам „да“. Дали Порто е гигант, исто така ќе кажам „да“. Не дојдов во Бенфика да го нервирам Порто, туку да уживам во можноста да работам за голем клуб со големи амбиции. Се надевам дека нема да ме навредат за тоа“, рече Мурињо.
Неочекувано, Специјалниот беше прашан и што очекува од неговата идна средба со тимот на Порто, кој го водеше и во одредена фаза од својата кариера.
„Само затоа што станав тренер на Бенфика, не значи дека дојдов тука да се борам. Дали мислам дека повторно ќе бидам аплаудиран на Драгао? Секако дека не. Но, Порто е многу важен дел од мојата историја и јас сум дел од историјата на Порто“, додаде Мурињо.