Перо Антиќ, поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија и некогашен прв човек на КФСМ во овој момент се наоѓа во Сингапур. Единствениот Македонец кој заиграл во НБА-лигата е назначен за амбасадор на Интерконтиненталниот куп на ФИБА кој се одржува во Сингапур.
Антиќ е во центарот на вниманието, неговото присуство го искористија сите вљубеници на кошарката, но и новинарите. Од Перо беше побарано да ја состави најдобрата петорка на сите времиња.
Еве ги идеалните пет за Перо: Благоја Георгиевски – Буштур, Мирза Куртовиќ, Дејан Јовановски, Тодор Гечевски и Душан Боцевски.
View this post on Instagram