ПМФЛ: Вардар со триумф во „Скопската класика“, најтрофејниот сега е лидер на табелата! (ФОТО+ВИДЕО)

191

Вардар успеа да го победи Работнички со 3:1 во “Соседското дерби“ бр.80, во меч од 7.коло. Ова најтрофејниот го направи и тоа со пресврт, ако се знае дека тимот од Дебар Маало поведе со голот на Имери во 7.минута вечерва на Арената “Тодор Проески“ под светлоста на рефлекторите.

Па така со оваа победа сега Вардар е лидер со 19 бодови, три повеќе од Струга ТЛ, но и меч повеќе.

Работнички одлично го отвори мечот, покрај голот на Имери имаше и неколку шанси за 0:2.

Вардар се “разбуди“ некаде околу 20.минута кога и тоа како притисна. Се редеа шансите и зицерите на Данев, Омерагиќ, Бабунски, но голманот на гостите, Василев бранеше фантастично, се до 41.минута кога Демири играше со рака во својот казнет простор и тоа беше пенал за Вардар.Оваа одлука на судијата Стојчевски ја потврди и ВАР, а Бабунски успеа да израмни на 1:1. Ова беше негов деби-гол во дресот на Вардар.

Во продолжение од средбата во таа 55.минута Демири поради втор жолт картон мораше да го напушти теренот, а Вардар со својот квалитет и тоа како знаеше да го искористи.

Прво Кастањеда во 59.минута успеа да донесе водство од 2:1 за Вардар, а потоа и Мато десет минути подоцна, откако излезе сам пред Василев, умешно стрелаше за сега веќе убедливо водство од 3:1.

Се на се убаво “Соседско дерби“, добар фудбал, добар Работнички и покрај поразот, додека Вардар кога требаше најмногу, си го искажа својот квалитет и дојде до таа шеста победа во седмиот меч во оваа тековна сезона.

 

No description available.

 

No description available.

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноКомо ја изненади Фиорентина среде Фиренца!
СледноТФТ го победи МЗТ Скопје и го освои меморијалот „Андреј Грковски Тафта“