Рома го доби вечното дерби против Лацио

21
FOTO ROMA FACEBOOK

Во големото дерби на Рим, помеѓу екипите на Лацио и Рома, кое што ја отвори денешната програма во Серија А, „Волчицата“ со статус на гостин успеа да слави со минимални 0:1.

Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Пелегрини во 38. минута, што се покажа подоцна и како одлучувачки.

На преполниот Олимпико и прекрасното време, двата тима одиграа според моменталните можности. Рома беше подобар ривал, а Лацио без неколкумина стартери едноставно не го даде максимумот.

Рома имаше повеќе од шансите, а Лацио на крајот го заврши мечот и со играч помалку откако Белахјане доби црвен картон. Истото му се случи н иа Гендузи но откако судијата одсвири крај на дуелот.

 

ПретходноСоседско дерби бр.80: Скопска класика за неделно фудбалско уживање!
СледноВерстапен ја освои ГН на Азербејџан