Спахиу за минимален триумф на Шкендија против Тиквеш (ВИДЕО)

73

Шкендија ја оствари четвртата победа во Прва МФЛ оваа сезона откако на домашен терен во Тетово го совлада Тиквеш со 1-0. Гостите дадоа силен отпор, играа отворен фудбал и создадоа неколку шанси, но не реализираа, за разлика од актуелниот првак Шкендија.

Стојанов и Тодоров најавија дека Тиквеш нема лесно да се предаде, но Гаје спречи да се тресе неговата мрежа во воведниот тек од натпреварот. На спротивната страна, Љатифи пропушти одлична можност, но затоа во 36.минута му подготви гол-шанса на Себастијан Спахиу кој натрча на вториот дирек и реализираше, постигнувајќи го првиот гол во дресот на Шкендија.

Тиквеш не сакаше да се помири со пораз и во вториот дел. Притискаше, создаде неколку шанси преку Стојкоски, Садик и Стојанов, но повторно реализацијата беше проблем, а и добро расположениот домашен голман Гаје.

Бесарт Ибраими можеше да постигне втор гол за Шкендија десетина минути пред крајот на натпреварот, но и неговиот удар не беше доволно прецизен. На крајот, Шкендија славеше со 1-0, прокнижи три нови бода, а Тиквеш ќе треба да ја подобри реализацијата за да може да бележи подобри резултати.

ПретходноАталанта супериорно против Торино
СледноДали тој ќе ја добие “Златната топка“? Јамал во Париз со 20 членови од семејството!