ТФТ го победи МЗТ Скопје и го освои меморијалот „Андреј Грковски Тафта“

28

Екипата на ТФТ е годинешниот освојувач на меморијалот  „Андреј Грковски Тафта“, откако во финалето го победи МЗТ Скопје со 73-74. До победата против актуелниот македонски првак, организаторот на овој турнир дојде со пресврт.

МЗТ Скопје водеше со 61-48, но ТФТ со серија од 7-0 се најде во игра на победа. По три одиграни четвртини, МЗТ Скопје водеше со (61:55). Двоецот, Дејвис Џуниор-Гордон, донесе израмнување, (61:61).

Во средината од последната делница, со четири поени, Петков отвори мини серија на гостите, за ново одвојување, сега на (73:66). Но ТФТ не попушти, напротив, успеа во сите тие обиди и да го преземе водството. По поентирањето на својот најефикасен играч. Дејвис Џуниор, на 68 секунди пред крајот, ТФТ имаше минимлни (74:73). Резултат со кој заврши мечот.

Кај ТФТ, Дејвис Џуниор броеше до 31.поен (8.скока и 4.асистенции), Гордон имаше 18 (плус 5.скока и 3.додавања), а репрезентативецот Виктор Ташовски заврши со 16.реализирани поени, пет три скока и три асистенции.

Покрај МекКејден, кој заврши со 16.поени, во составот на МЗТ Скопје, двоен број на поени реализираа уште и Петков – 12, и Војдан Стојановски кој дополни со 10.

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

МЗТ Скопје Аеродром – Тиквеш Голден Игл 71:67

ТФТ – Кожув 82:76

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Тиквеш Голден Игл – Кожув 86:87

ФИНАЛЕ

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ 73:74

 

ПретходноПМФЛ: Вардар со триумф во „Скопската класика“, најтрофејниот сега е лидер на табелата! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноБабунски VS Бабунски, во “битката“ меѓу таткото и синот се радуваше Давид!