Почетните два денешни дуели од Премиер лигашката програма денеска донесоа два нерешени резултата.
Во првиот Борнмут и Њукасл одиграа без голови. Борнмут на стартот на сезоната игра добро, се наоѓа на самиот врв на табелата, но денеска голгетерски не функционираше. Њукасл исто така како тим немаше свој ден што се вели.
Од друга страна пак, тимот на Сандерленд не успеа исто така да ја искористи предноста на свој терен и ремизираше 1:1 против Астон Вила.
Домаќинот по само 33. минути игра остана со играч помалку, откако директен црвен картон доби Мандава. Од друга страна Мети Кеш во 67. минута му донесе водство на тимот на Вила, но истото не потраа ниту десет минути затоа што Исидор израмни на 1:1.