Перо Антиќ ја одбра најдобрата македонска петорка на сите времиња (ВИДЕО)

523

Перо Антиќ, поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија и некогашен прв човек на КФСМ во овој момент се наоѓа во Сингапур. Единствениот Македонец кој заиграл во НБА-лигата е назначен за амбасадор на Интерконтиненталниот куп на ФИБА кој се одржува во Сингапур.

Антиќ е во центарот на вниманието, неговото присуство го искористија сите вљубеници на кошарката, но и новинарите. Од Перо беше побарано да ја состави најдобрата петорка на сите времиња.

Еве ги идеалните пет за Перо: Благоја Георгиевски – Буштур, Мирза Куртовиќ, Дејан Јовановски, Тодор Гечевски и Душан Боцевски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josh Bett (@joshbett90)

ПретходноРК Вардар носи француско крило
СледноМурињо: Не дојдов во Бенфика за да го нервирам Порто