Полувреме: Вардар – Работнички 1:1, Василев правеше чуда на голот на “гостите“! (ВИДЕО)

169
Фото: ФК Работнички

Вардар – Работнички 1:1 е исходот од првото полувреме на 80.соседско дерби, во битката за Скопје. Работнички подобро го отвори мечот, поведе и со голот на Имери по асистенцијата на Трајков, во таа 7.минута.

Во првата фаза од полувремето Работнички уште во неколку наврати се закани, посебно Имери кога од пола терен за малку ќе го изненадеше Талески.

И тогаш Вардар стапи на сцена, се редеа заканите, шансите, зицерите на Омерагиќ, Данев, Бабунскино голманот на “гостите“ Василев правеше чуда на голот на “гостите“.

Сепак Вардар израмни од пенал со голот на Бабунски во 41.минута, откако претходно Демири играше со рака во својот казнет простор, тоа го потврди и ВАР.

ПретходноЛеверкузен и Менхегладбах одиграа без победник! Унион Берлин во голеда со победа кај Франкфурт!
СледноНова ѕверска партија на Томовски за нова победа на Битигхајм