Соседско дерби бр.80: Скопска класика за неделно фудбалско уживање!

102

Вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 20 часот во меч од 7.коло во ПМФЛ, Вардар го пречекува Работнички. Со оглед дека овие два култни скопски клубови играат на еден ист стадион кога се домаќини, порано Градски а сега Арената, нивните мечеви се нарекуваат “Соседски дербија“.

И ова ќе биде нивни 80 јубилеен дуел, ако се сметаат оние од 1998 година па наваму кога Работнички за првпат влезе во ПМФЛ. Не играа меѓусебе само тогаш кога Вардар беше во ВМФЛ.

Ова е скопска класика за неделно фудбалско уживање. Во мак – фудбалот има поголеми дербија, како она Вардар – Пелистер, но ова скопско е со посебен шарм.

Јасно е дека, со оглед на освоените титули, Вардар има подобар скор од Работнички во изминатите 79 меча. Најтрофејниот има 35 победи, Работнички успеал да триумфира на 25 меча а 19 завршиле без победник. Гол разликата е 97:79 за Вардар.

На последните два меча „црвено – црните“ славеле со 0:1 и 0:2, двата меча како “гости“, а еднаш било и 0:0. Последен пат Работнички победил и тоа со на 2:0 на 14.04.2024 година со головите на Тодоровски, кој сега игра за Вардар, и на Мазари кој оваа сезона го носи дресот на Шкендија.

Старите скопски фудбалски “мангупи“, кога играат Вардар и Работнички, велат – Биди фраер и дојди да гледаш скопско или соседско дерби.

Нека биде вистинско дерби, нека има голови, нека биде фудбалско уживање и нека победи подобриот.

Време за Соседско дерби бр.80.

ПретходноДанев: Скопско дерби е секогаш „ин“
СледноРома го доби вечното дерби против Лацио