“Јорганџиите“ повторно разочараа, само до бод кај Мајорка!

28
ФОТО: Atlético de Madrid/FB

Ново разочарување од страна на Атлетико Мадрид за своите фанови. Попладнево на Мајорка, четата на Диего Симеоне одигра само 1:1 во меч од 5.коло во Ла Лига. Ова е трето реми на изминатите пет средби, има по една победа и пораз. Секако разочарувачки старт за „Јорганџиите“.

Тимот од Мадрид преку Алварез во првиот дел не успеа да реализира пенал и тоа во 14.минута. Во 73.минута Атлетико Мадрид остана со играч помалку откако Серлот доби црвен картон, но гостите со голот на Галагер во 79.минута сепак носи водство.

Сепак Муриќи со убав гол со глава шест минути подоцна постигна гол за конечни 1:1, за сосема заслужен бод за Мајорка.

ПретходноДали тој ќе ја добие “Златната топка“? Јамал во Париз со 20 членови од семејството!
СледноМијатовиќ: Зарем требаше делегацијата на Ц. Звезда да ја исфрлам од ложата?!