Дерби натпреварот меѓу Алкалоид и Пелистер во рамките на третото коло во Супер-лигата ја понуди целата неизвесност и возбуда. Мечот заврши без победник (33-33). Битолчани спасија бод, иако беа на работ на пораз. Алкалоид не искористи напад за да стави печат на победата, на другата страна Хосни донесе големо реми за актуелниот македонски првак.
Од овој меч има многу моменти за издвојување, а нашиот фоторепортер Петр Стојановски фати еден уникатен момент.
Станув збор за реакцијата на Ице Соколески после примен гол од седум метри на неговите голмани. Сите тројца во Пелистер се обидоа да му фатат „пенал“ на Дамјан Митев, но без успех.