Голем успех на Каламадевски и Ковачовска на светскиот натпревар во Грузија

26

Со пласман помеѓу 16-те најдобри во поединечна и конкуренција во мешани двојки, Кристијан Каламадевски и Изабела Ковачовска ја претставија Македонија на World Table Tennis Youth Contender Batumi 2025.

Ковачовска во пар со Павел Кокавец од Словачка стигнаа до 1/8 финалето во категорија до 19 години и загубија тесно со 3:2 за влез помеѓу 8-те најдобри од Нурислам Касум и Викторија Мочалкина од Казакстан.

Во поединечна конкуренција Кристијан Каламадевски во категоријата до 15 години избори пласман помеѓу 16 најдобри со победа над Сергеи Трачи од Молдавија. Загуби од Мансур Суиндик со 3:1 во 1/8 финалниот меч.

Одличен успех за претставниците на светскиот Контендер во Грузија. На чекор до 8-те најдобро пласирани, а блиску и до медал. Голем успех и за македонскиот пинг понг и позитивно изненадување од одличниот настап.

ПретходноФИБА вели, Македонија е 29. репрезентација во Европа
СледноФермин паузира три недели, Гави оди на операција