Миовски по првенецот за Ренџерс: Среќен сум, следуваат уште многу голови

114
фото: rossco1972. (X)

Нашиот репрезенттаивен голгетер, Бојан Миовски по постигнувањето на првенецот во дресот на Ренџерс, најави дека ова е само негов голгетерски почеток. Миовски, исто така, имаше еден поништен гол поради офсајд, а еден негов шут, од самата гол-линија го извади дефанзивецот на Хиберниан, Грант Хенли.

„Секако, среќен сум, ова беше прв од многуте голови. Ќе продолжам во овој стил. Како напаѓач, секогаш треба да бидете фокусирани и трпеливи бидејќи тимовите се бранат навистина длабоко. Затоа и јас треба да останам фокусиран цело време“, изјавил Миовски.

Ренџерс оваа недела го почнуваат настапот во Лигата на Европа со домашен натпревар против белгиски Генк, а Миовски се надева дека победата над Хиберниан во Лига Купот ќе биде пресвртница во сезоната.

„Имавме добри перформанси и тоа ни дава самодоверба за во иднина. Имаме многу нови играчи во тимот. Јас бев отсутен со репрезентацијата, како и некои од другите играчи. Покажавме дека можеме да играме добар фудбал, се надевам дека така ќе биде и со Генк“, дополнил нашиот репрезентативец.

ПретходноФантастично видео: „Чкембари“ со пиро-спектакл го прославија 40. роденден (ВИДЕО)
СледноРељиќ се врати со бронза и нови поени за ЛОИ 2028 од Полска Г-1 Опен