Рељиќ се врати со бронза и нови поени за ЛОИ 2028 од Полска Г-1 Опен

28
фото: MKD Olympic Team (Facebook)

Најдобрата македонска таеквондистка, Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Полска Г-1 Опен во Варшава. Нашата олимпијка и стипендистка на Македонскиот Олимписки комитет во првото коло ја победи Аида Митровиќ од Австрија со 2:0 во рунди.

Во 1/4 финалето во многу тесна борба Мила ја победи Хелена Кичева од Хрватска со 2:1 во рунди и со тесен резултат во решавачката 3. рунда од 7:6.

Во полуфиналната борба беше сопрена од Петра Столбова од Чешка со 0:2 во рунди.

Ова се нови 3,60 поени за Мила за собирање поени за Лос Анџелес 2028. Следни турнири се во Албанија и Црна Гора пред најважниот турнир годинава светското првенство Кина од 24-30 октомври.

ПретходноМиовски по првенецот за Ренџерс: Среќен сум, следуваат уште многу голови
СледноШпанија доби нов селектор, изборот падна на Чус Матео