ПМФЛ полувреме: Струга ТЛ со водство во Кратово

60

Во една од дерби средбите на тековното седмо коло во домашмиот ПМФЛ шампионат, тимот на Струга Трим Лум на полувреме во Кратово води кај Силекс со 1:2.

Се игра исклучително интересен и неизвесен дуел во кој домаќинот преку Хрвановиќ уште во втората минута ја погоди гредата, за во седмата минута, Кампаоре да го доведе гостинот во водство. Офлична асистенција на Фал од лево, а Кампаоре на петерец фантастично реагира.

Во 33. минута вистинско ремек дело на македонскиот младински репрезентативец Хамза Меметриза. Погоди со лева од слободен удар, прекрасно и необранливо за 0:2.

Домаќинот сепак, успеа да спаси нешто од негативата во првиот дел откако Хрвановиќ со силен удар под пречка намали на 1:2 во 41. минута.

Од друга страна пак во Струмица, Арими поведе во дуелот со Брера, но домаќинот исто така пред паузата успеа да израмни на 1:1.

 

ПретходноЧетворица македонски судии дел од АБА лигата
СледноПобеда остана без тренер, Дунимаглоски си поднесе оставка