Силекс со победа против Струга ТЛ ќе го „лечи“ поразот во Куманово

77
фото: KF Arsimi (Facebook)

По (не)очекуваниот пораз од Башкими во Куманово, екипата на Силекс нема многу време за анализи и за тагување. Веднаш треба да се „намести“ за следниот прволигашки предизвик, а тоа е утрешниот меч против Струга ТЛ.

Двократниот првак на ПМФЛ е предизвик за кратовскиот тим, а се очекува интересен дуел во Кратово, затоа што двата тима во првите шест кола покажаа дека ќе претендираат за освојување на шампионската титула сезоната. Од Силекс веруваат дека ќе го заборават поразот од Куманово, и дека ќе успеат да дојдат до триумф на денешниот дуел.

Тоа го очекува и Мигуел Пиреш, португалскиот интернационалец кој има одлично деби во ПМФЛ, со четири постигнати голови во првите шест кола, иако дејструва како играч од средниот ред.

„Верувам дека ќе биде израмнет натпревар, во кој и двата тима ќе влезат во него за да победат. Според мене, екипата која ќе направи помалку грешки ќе ги земе трите бода“, изјави Мигуел Пиреш, играчот од средниот ред на Силекс, кој имаше одличен старт во Првата македонска фудбалска лига.

„Не знам многу за нашиот противник за екипата на Струга, со оглед дека за мене ова е нешто ново. Но, го гледав мечот со Шкендија, и мислам дека игра доста интензивен фудбал, и има многу добри индивидуалци“, додаде Пиреш.

Новото засилување на Силекс вели дека првенството во Македонија е доста интересно, и дека лигта напредува, особено со воведувањето на ВАР системот.

„Лигата е интересна, и ова е првенство кое напредува. Има екипи со голема традиција, и екипи кои се подобруваат. Дојдов во Силекс со една цел – да дојдеме до титулата. Минатата сезона знам дека сегашниот мој тим беше блиску, дека се бореше да стане првак до крајот на шампионатот“, рече Пиреш.

Португалецот истакна дека неуспехот минатото коло мора брзо да се заборави, и веќе да се мисли на Струга.

„Поразот од Башкими не го очекувавме, но тоа е дел од фудбалот. Мораме да гледаме напред и да одиме од меч во меч, затоа што тимот кој ќе загуби најмалку бодови, ќе стане шампион на крајот“, заврши Пиреш.

ПретходноКрај на една блескава кариера: Шели-Ен Фрејзер Прајс потврди дека СП во Токио беше последното за неа
СледноНаследство што обврзува: Македонија доби признание од ЕХФ!