Четворица македонски судии дел од АБА лигата

62
FOTO KFSM

Четворица македонски судии ќе бидат дел од судиската лига на АБА лигата за наредната натпреварувачка сезона 2025/2026, откако овој викенд успешно ги поминаа оној задолжителниот претсезонски семинар кој беше реализиран во Бања Лука со посредство на одговорните луѓе од регионалното натппреварување.

На претходно етаблираните Александар Давидов, Боро Антовски, Никола Јакимовски тестирањето успешно го мина и Дејан Зафировски кој ја заокружи македонската судиска „четворка“ која ќе биде на располагање на одговорниот за судискио-делегатски оддел, Срѓан Дожаи, односно Саша Маричиќ, претседателот на Судиската комисија на АБА лигата.

Во улога на супервизор – опсервер како и во изминатити сезони ќе биде Александар Милојевиќ, додека на делегатската листа се: Антонио Теофиловски, Бобан Јосифовски, Зоран Николовски, Сашко Терзиевски, кои ја извршуваа оваа функција и во изминатите неколку сезони од регионалното натпреварување во кое македонската клупска кошарка ќе има свои претставници во втората дивизија. Актуелниот шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром и финалистот на плеј-офот, екипата на ТФТ од Скопје..

ПретходноПавел Недвед и Андреа Ањели се осудени на една година затвор
СледноПМФЛ полувреме: Струга ТЛ со водство во Кратово