Аитана Бонмати повторно најдобра, погледнете го списокот со наградените!

20
ФОТО: Ballon d`Or/X

Аитана Бонмати, фудбалерката на Барселона повторно ја освои “Златната топка“ и тоа по третпат во низа. Се чини повторно заслужено, едноставно Бонмати е најдобра во женскиот фудбал, без разлика дали Шпанија или нејзината Барселона се најдобри во Европа.

Откако Усман Дембеле ја доби “Златната топка“ во машка конкуренција, и дефинитивно е познат списокт на сите наградени вечерва на маниестацијата “Златна топка“ во театарот “Шателе“ која се одржува по 69-ти пат.

Најдобар играч: Усман Дембеле
Најдобра фудбалерка: Аитана Бонмати
Најдобар тренер: Луис Енрике
Најдобра тренерка: Сарина Вигман
Најдобра млад играч: Ламине Јамал
Најдобра млада фудбалерка: Вики Лопез
Најдобар голман: Џанлуиџи Донарума
Најдобра голманка: Хана Хемптон
Најдобри стрелци: Виктор Ѓокерес и Ева Пајор
Трофеј Сократ: Фондасион Ксана
Најдобар машки клуб: ПСЖ
Најдобар женски клуб: Арсенал

ПретходноЈамал ќе почека: „Златната топка“ за Усман Дембеле! (ВИДЕО)