Бензема има понуда да се врати во Европа – и тоа изненадувачка!

95

Жозе Мурињо ја презеде Бенфика и една од неговите први желби е да го види Карим Бензема во своите редови.

Според „Франс Гол“, португалскиот стручњак има амбиција да доведе искусен напаѓач во зима, кој би бил лидер на овој проект.

Со своето искуство, тој би бил продолжена рака на Мурињо на теренот, а е и докажан стрелец кој гарантира голови. Бензема влезе во последната година од договорот со Ал Итихад, а Бенфика би морала да плати помеѓу пет и седум милиони евра за неговата слобода.

Но, Французинот би морал да направи и финансиска жртва, бидејќи платата во Лисабон не би била ни приближно иста како во Саудиска Арабија.

Доколку овој трансфер навистина се случи во јануари, Бенфика би можела да го регистрира за преостанатите два натпревари во Лигата на шампионите, што значи дека поранешниот репрезентативец на „Галските петли“ би заминал да се соочи со Реал Мадрид, каде што стана вистинска легенда.

ПретходноБитола повторно „ќе гори“: Пелистер против ГОГ ќе игра пред преполни трибини!
СледноЕнрике е најдобар тренер, Јамал веќе доби едно признание!