Битола повторно „ќе гори“: Пелистер против ГОГ ќе игра пред преполни трибини!

1

Екипата на Пелистер продолжува со силното темпо во новата сезона. После тешкото гостување кај Алкалоид во третото коло од Супер-лигата, актуелниот македонски првак во среда го чека нов дуел од Лигата на шампиони.

Во салата „Боро Чурлевски“ гостува ГОГ во меч од третото коло. Ракометарите на Пелистер имаат една победа и тоа пред своите навивачи против Загреб. Полните трибини веќе не се ништо ново во Битола, па и овој пат фановите одговорија на повикот да им дадат ветер во грб на ракометарите за нова радост.

Според официјалната страница за продажба на билети, многу малку се останати во слободна продажба, веруваме дека до утре салата и официјално ќе биде распродадена.

Претходно„Златна топка“: Јамал пристигна на церемонијата, претходно си резервирал ексклузивен ресторан за прослава! (ВИДЕО)