Брера со пресврт со втора победа сезонава

35

Екипата на Брера успеа и покрај негативата на крајот да се радува против тимот на Арсими на домашен терен и да триумфира со конечни 2:1. Во рамките од седмото коло од домашниот ПМФЛ шампионат, струмичани успеаа да ја забележат втората победа и колку толку да го подобрат впечатокот.

По првите минути кои поминаа во одмерување на силите на едната и другата страна, гостите први се заканија во 12. минута, кога Шефит Шефити упати удар кон голот на домаќините, но голманот Вргов беше на висината на задачата.

Арсими повторно се закани во 24. минута, Бесагиќ влезе во шеснаесетникот и шутираше силно, но топката помина над голот на Вргов. Најдобрата шанса за промена на резултатот ја имаше Шефити, кој се најде очи во очи со голманот на Брера, но неговиот удар заврши покрај голот. Брера се закани преку Фахт, кој го совлада голманот на Арсими, но Стојанов не успеа да ја испрати топката во мрежата и таа заврши надвор од теренот.

Во 33.минута дојде до промена на резултатот. Шефити асистираше за Бесагиќ, кој успеа да го совлада голманот Вргов за 1-0. Кога се очекуваше крајот на првото полувреме, Брера израмни на 1-1. По кронерот од левата страна, Стефан Нумчески скокна највисоко во шеснаесетникот на Арсими и со глава ја испрати топката во мрежата на голманот Ислами.

Во првата акција во второто полувреме, Брера поведе со 2-1, со прецизниот шут на Миле Тодоров од 18 метри. Истиот играч имаше можност до го стигне и до вториот гол, но неговиот шут заврши во стативата на Ислами. Од другата страна, Таипи од 7-8 метри шутира покрај голот на Брера. Гостинскиот голман, Ислами имаше одлична одбрана во 56 минута, кога го спречи и третиот гол за Брера, по вистинската бомба испратена од Тодоров. Во 67 минута, Велии центрира во опасната зона, но Бесагиќ не е прецизен, и топката поминува покрај голот на Вргов. Гостите се заканија во неколку наврати, но резултатот остана непроменет. Во осмото коло, Арсими го пречекува Шкупи, додека Брера е гостин на Работнички во Скопје.

ПретходноСтруга Трим Лум триумфално низ Кратово
СледноСпротивно од насоките на ФФМ дел од клубовите наплаќаат за доделената опрема: ОПРЕМАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ НАПЛАЌА!