Вардар под водство на Седло нанижа 25 меча без пораз на домашната сцена!

106

Со вчерашниот триумф над Работнички во рамките на 7. коло од домашниот фудбалски шампионат, екипата на Вардар под водство на Гоце Седлоски дојде и до бројката од 25 натпревари без пораз во сите домашни натпреварувања (првенство и куп).

„Црвено-црните“ нанижаа шест победи во досегашните седум натпревари од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а имаа само едно реми против екипата на Брера Струмица. Претходно Вардар не знае за пораз од 16 февруари оваа година, кога последен пат на домашната сцена беше поразен и тоа од актуелниот шампион на Македонија, екипата на Шкендија (1:2).

Во следното коло, „вардарци“ ги очекува гостување во Куманово против екипата на Башкими.

ПретходноНеверојатно: Голманот на Вартекс постигна гол од својот шеснаесетник! (ВИДЕО)
СледноДали тој е добитникот: Само еден фудбалер на ПСЖ вечерва ќе биде на „Златната топка“