Во ваква атмосфера, дури ни европскиот шампион не може ништо: Марсеј конечно го победи ПСЖ

29
Фото: Марсеј

Со еден ден задоцнување, вечерва во одлична атмосфера на „Велодром“ Марсеј го пречека актуелниот европски шампион, тимот на Пари Сен Жермен, во петтото коло од француската Лига 1.

По голема борба, Марсеј славеше со резултат од 1:0, нанесувајќи му го со тоа првиот пораз на ПСЖ од почетокот на сезоната во Лига 1. И не само тоа, ова е прва победа на Марсеј над ПСЖ по две и пол години и триумф во Купот, а Марсеј чека победа во првенството против својот голем ривал од септември 2020 година, кога триумфираше на „Паркот на принцовите“. Стрелец на победничкиот гол беше Агерд, кој со глава ја заби топката во незаштитената мрежа – 1:0.

По таков епилог, Монако, ПСЖ, Лион и Стразбур сега го делат првото место со по 12 бода, а ова е трета победа на Марсеј и е на шестото место со девет бода.

ПретходноХоуп Спорт имаше одличен настап во Србија
СледноПСЖ е најдобар клуб, Буфон се пошегува со Донарума! (ВИДЕО)