ГРК Тиквеш преку Струга до прва победа во Супер-лига!

32

ГРК Тиквеш дојде до првата победа во Супер-лигата, откако на гостувањето кај Струга славеше со 23-26 во последниот меч од третото коло. На другата страна за стружани ова беше трет пораз.

Двата тима одиграа неизвесен меч со бројни промени на водството. Стружани имаа водство од три гола во првиот дел (10-7), на одморот беше 10-9. Неизвесноста продолжи во вториот дел, се играше гол за гол, а квадарчани победата ја обезбедија во последните пет минут. Со головите на Стојановски и Манасков успеа да дојде на плус три (22-25).

Цветковски со седум гола беше прв стрелец кај победникот, на другата страна исто толку погодоци имаше Костов.

ПретходноМасовна тепачка во Германија: 400 хулигани запреле воз (ВИДЕО)
Следно„Златна топка“: Јамал пристигна на церемонијата, претходно си резервирал ексклузивен ресторан за прослава! (ВИДЕО)