Легендата на светскиот атлетски спринт, јамајканската спринтерка Шели-Ен Фрејзер-Прајс ја отфрли можноста за продолжување на кариерата по светското првенство во Токио. Таа потврди дека овој атлетски мундијал ќе биде нејзин последен настап во кариерата.
На глобалниот натпревар, Шели-Ен Фрејзер-Прајс стигна до финалето на 100 метри за жени, каде заврши како шеста со време 11,03 секунди. Фрејзер-Прајс беше и во финалето на женската штафета 4×100 метри, каде што беше беспрекорна во првата замена. Тимот на Јамајка на ова атрка освои сребро завршувајќи втор, зад тимот на САД, предводен од Ша’Кари Ричардсон.
Токму ова сребро е последниот медал на Шели-Ен Фрејзер-Прајс на светската сцена.