Она што беше за очекување во Прилеп тоа и се случи. Досегашниот тренер на тимот на Победа, Стојанче Дунимаглоски си поднесе оставка и нема повеќе да ја извршува оваа функција.
Овој потег на младиот 33. годишен стратег е реален развој на настаните со оглед на фактот што Победа на последниот дуел што го одигра во Скопје, против истоимената екипа прими, неверојатни осум гола.
Сега, се очекува раководството на клубот, да донесе одлука кој ќе го наследи Дунимаглоски. Кој и да е, ќе мора да се справи со очајната ситуација во прилепскиот фудбалски гигант, и носителот на титули во ПМФЛ шампионатот.