Спротивно од насоките на ФФМ дел од клубовите наплаќаат за доделената опрема: ОПРЕМАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ НАПЛАЌА!

154

Предмалку Фудбалската Федерација на Македонија излезе со соопштение во кое децидно се обраќа на фудбалските клубови кои што добија опрема, БЕСПЛАТНО за да се додели на младинските категории.

Сепак, спротивно од она што ФФМ го пропагира и го прави во моментов, поедини клубови, од само нивни познати причини на своите членови во младинските категории, опремата им ја ПРОДАВАЛА!?

 

„Фудбалската федерација на Македонија ги информира родителите чии деца тренираат во младинските клупски категории дека фудбалската опрема која ФФМ им ја донираше на клубовите е бесплатна.
 ОПРЕМАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ НАПЛАЌА!
Добивме информации дека одредени клубови им бараат пари на родителите за опремата, што е строго спротивно на условите под кои ФФМ ја додели донацијата.
Ве охрабруваме, доколку вашиот клуб побара надомест за опремата, веднаш да пријавите во ФФМ.
Нашата цел е младите фудбалери да имаат фер услови за развој и поддршка без дополнителен финансиски товар за родителите.
На линкот https://shorturl.at/VhpiK се наведени сите клубови кои ја добија оваа донација.
ФФМ ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе реагира соодветно за да ја заштити секоја млада генерација“ стои во објавата на ФФМ.
ПретходноБрера со пресврт со втора победа сезонава
СледноЕвропска недела на спортот 2025!