Изминатиот викенд, во салата на нишкото основно училиште „Мирослав Антиќ“ се одржа Купот на Србија во кошарка во колички, на кој свое учество зема и македонскиот клуб, Хоуп Спорт од Скопје.
После три одиграни натпревари, во фер и коректна атмосфера, и по две убедливи побееди, екипата на Мега Деспот од Белград го освои победничкиот трофеј, прв за нив во кратката историја на постоење.
Македонскиот претставник, екипата на Хоуп Спорт од Скопје, забележа два порази на ова гостување во Ниш.
Нашите кошаркари во колички беа поразени од домаќинот Наис (22:57), потоа и во дуелот со победникот на овој собир, екипата на Мега Деспот (19:66).
А во пресрет на европската недела на спротот, за време на турнирот беше промовиран и Ерасмус +_ проетот, во рамките на спортот, Barcel’hona Sports Events, каде еден од партнерите е и Хпуп Спорт.
Бројни субјекти од Србија, а посебно од Ниш, ја помагаат кошарката во колички во Скопје и во Македонија.
Подршката е во донации на колички за кошарка, заедничко учество во многу Ерасмус + проекти во областа на спортот, но и во едукација на судии.
На овој турнир, за прв пат, нашиот судија, Марјан Богески судеше натпревари во кошарка во колички. Со претходна повеќенеделна теоретска подготовка на неговите ментори, судиите Марко Стојановиќ и Иван Митровиќ, кои во оваа прилика и го опсервираа неговото знаење во пракса.
Се очекува Богески да биде дел од судискиот кадар и во Купот на Србија во 3Х3 баскет во колички, кој ќе се одигра во рамките на СККК и на кој ќе се натпреварува и екипиата на Хоуп Спорт од Скопје. што ќе биде премиера за една екипа до нашите простори, во оваа релативно нова спортска дисциплина.