„Златна топка“: Познато е на кое место завршија Винисиус, Халанд, Белингем, Кејн, Левандовски….!

142
ФОТО: Ballon d`Or/X

Усман Дембеле или Ламине Јамал? Тоа е прашањето на кое одговор ќе добиеме вечерва околу нешто после 22 часот. Фудбалскиот свет е во транс, сите со нетрпение го очекуваме моментот кога Роналдињо ќе му ја предаде „Златната топка“ на најдобриот на гала – манифестацијата во театарот „Шателе“.

Ќе се поделат повеќе признанија за најдобрите за сезоната 2024/25, но секако дека најважното е кој ќе ја добие во машка конкуренција најпрестижата индивидуална награда во светот на фудбалот.

Познато е дека во конкуренција беа 30 играчи, а организаторот “Франс Фудбал“ објави распоред на тие што се пласираа од 30. место па до 12.

Погледнете каде завршија Винисиус, Халанд, Кејн, Рајс, Белингем, Левандовски…

11.Педри (Барселона – Шпанија)

12.Квича Кварацкелија (ПСЖ – Грузија)

13.Хари Кејн (Баерн – Англија)

14.Десире Дуе (ПСЖ – Франција)

15.Виктор Ѓокереш (Спортинг, Арсенал – Шведска)

16.Винисиус (Реал – Бразил)

17.Роберт Левандовски (Барселона – Полска)

18.Скот Мектоминеј (Наполи – Шкотска)

19.Жоао Невеш (ПСЖ – Португалија)

20.Лаутаро Мартинез (Интер – Аргентина)

21.Серху Гираси (Дортмунд – Гвинеја)

22.Алексис МекАлистер (Ливерпул – Аргентина)

23.Џуд Белингем (Реал – Англија)

24.Фабијан Руиз (ПСЖ – Шпанија)

25.Дензел Дампфрис (Интер – Холандија)

26.Ерлинг Халанд (Манчестер Сити – Норвешка)

27.Деклан Рајс (Арсенал – Англија)

28.Вирџил ван Дајк (Ливерпул – Холандија)

29.Флоријан Вирц (Баер, Ливерпул – Германија)

30.Мајкл Олисе (Баерн – Франција)

ПретходноБернардо Силва бесен на Премиер-лига: Фрустрирачки е!
СледноОд Струмица стигна порака: Прерано не отпишувате!