Левото крило на Вардар, Махамаду Кеита ќе паузира најмалку два месеци поради операција на рамото. Интервенцијата е извршена во Загреб и тој веќе го почнува процесот на рехабилитација.
Поради проблеми со рамото, беше решено хируршката интервенција да биде извршена побрзо со цел да може и побрзо да се врати на теренот. Кеита дојде на почетокот на сезонава и покрај играњето во напад, особено важен беше за одбранбените задачи на тимот.
Во моментов единствено лево крило во тимот е Марио Стојановски.