Крај на една блескава кариера: Шели-Ен Фрејзер Прајс потврди дека СП во Токио беше последното за неа

42
фото: CITIUS MAG (X)

Легендата на светскиот атлетски спринт, јамајканската спринтерка Шели-Ен Фрејзер-Прајс ја отфрли можноста за продолжување на кариерата по светското првенство во Токио. Таа потврди дека овој атлетски мундијал ќе биде нејзин последен настап во кариерата.

На глобалниот натпревар, Шели-Ен Фрејзер-Прајс стигна до финалето на 100 метри за жени, каде заврши како шеста со време 11,03 секунди. Фрејзер-Прајс беше и во финалето на женската штафета 4×100 метри, каде што беше беспрекорна во првата замена. Тимот на Јамајка на ова атрка освои сребро завршувајќи втор, зад тимот на САД, предводен од Ша’Кари Ричардсон.

Токму ова сребро е последниот медал на Шели-Ен Фрејзер-Прајс на светската сцена.

ПретходноСтружани веруваат во успех на денешното дерби во Кратово
СледноСилекс со победа против Струга ТЛ ќе го „лечи“ поразот во Куманово