Викендов во центарот на вниманието беше Европската „куќа на ракометот“. Покрај Изборниот Конгрес и формирање на комисии, од страна на првите луѓе на ЕХФ беа доделени специјални награди и признанија не десет федерациите кои во периодот од 2021 до 2025 биле врвни организатори на првенства.
Македонија е една од земјите која доби признание од ЕХФ. А заслугите одат на адресата на претходното раководство на РФМ, кое беше предводено од претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски, кои оставија силен печат во европскиот и светскиот ракомет.
Во периодот од 2021 до 2025 година, РФМ беше организатор на бројни ЕХФ и ИХФ првенства како ЕХФ Шампионати, а круната на беше Европското женско сениорско првенство во 2022 година. Ова континентално натпреварување беше организирано по сите европски и светски стандарди.
Примерите од ЕП 2022 и другите шампионати покажаа дека и мала земја може да биде голем домаќин, доколку има визија, организација и љубов кон спортот.
Добро е познато дека токму благодарение на Мукаетов и Милошевски, Ракометната федерација на Македонија ја изгради довербата и угледот во ЕХФ. Професионалното работење и исполнувањето на строгите стандарди направија Македонија да стане земја за почит, која сите ја препознаваа како сигурен партнер.