Интересен, несекојдневен момент во втората лига во Хрватска на средбата Вартекс – Дуго Село. Не дека не сме виделе такви голови, но сепак тие се реткост кога голманот дегажирајќи од својот шеснаесетник ќе постигне гол.
Тоа го направи Владислав Дорошенко кој успеа да го изненади противниччкиот гостински голман Дориан Кларин, кој и тоа како лошо ја процени целата ситуација.
Инаку мечот заврши со победа на Вартекс од 2:0.